„Porsche“ по грешка нов автомобил понуди за 16.800 евра

Точка

03/02/2023

18:14

10.349

Големина на фонт

а а а

„Porsche Panamera“ во Европа се продава по цена од 98.000 евра, додека во Кина ова возило можело да се купи за 16.800 евра.

Станува збор за ненамерен пропуст на еден салон на „Porsche“ кој ја рекламирал новата „Panamera“ по прилично пониска цена. Наместо почетната цена од 980.000 јуани, или околу 135.600 евра, навеле цена од само 124.000 јуани, што е околу 16.800 евра, наведува „Index.hr“.


Затоа и не чуди навалата на официјалните канали за контакт. Салонот примил бројни резервации и уплати на аконтација од 124 евра. „Porsche“ за „Bloomberg“ признал дека застапникот направил сериозна грешка во наведувањето на цената.


Кога ја виделе грешката, од застапништвото одлучиле да им се извинат на стотици потенцијални купувачи кои покажале интерес. Меѓутоа, еден купувач од ова недоразбирање ќе излезе среќен. „Porsche“ го контактирале првото лице кое извршило онлајн резервација и па била договорена „прифатлива цена“, односно купувачот добил значаен попуст за една „Panamera“.


Сите останати во рок од 48 часа добиле поврат на парите, изјавиле од „Porsche“ за „Bloomberg“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг