Претставен „Artifact“, нова социјална мрежа за објава на вести

Точка

02/02/2023

14:48

8.155

Големина на фонт

а а а

„Artifact“ сè уште е во фаза на развој и засега не е монетизиран. Сепак, наведено е дека се разгледува и опција со претплата, по моделот на поделба на приходите со авторите на вестите.

Коосновачите на „Instagram“,, Мајк Кригер и Кевин Систром, претставија нова апликација, „Artifact“, персонализиран агрегатор за вести. Апликацијата сè уште не е јавно достапна, а суштински претставува модерна верзија на „Google Reader“, апликација од пред 10 години, која користи „RSS“ за собирање на вести. Наместо тоа, „Artifact“ ќе користи машинско учење за персонализација на содржините кои им ги сервира на корисниците, а носи и елементи на социјална мрежа, бидејќи им овозможува на корисниците да коментираат вести со своите пријатели.

При почетокот на употребата, „Artifact“ ќе прикажува вести кои ги одбрале уредниците, но со текот на времето ќе ги прилагодува темите кои ги интересираат корисниците. Изворите од кои вестите се преземаат ќе бидат тестирани и верификувани. Меѓу нив ќе бидат големите новински куќи (како New York Times), но и некои помалку познати новински извори. Корисни опции ќе бидат можноста за контрола на коментари, приказ на вести за интересни луѓе кои ги следите, како и приватно коментирање со праќање на коментари директно во инбоксот на друг корисник.


Концептот на оваа нова социјална мрежа се поклопува со опцијата за коментирање на вести на „Twitter“. Исто така, претставена е во време кога многу корисници на „Twitter“ размислуваат за алтернативи. Тука се и други слични апликации, како што е „Apple News“, „Google News“, „Pocket“, „Matter“, па дури и „Meta“. Иако конкуренцијата е голема, авторите сметаат дека „Artifact“ ќе се пробие поради технологијата за машинско учење, на сличен начин како што одличните алгоритамски препораки го направија „TikTok“ доминантна апликација за следење на видеоснимки.

„Artifact“ сè уште е во фаза на развој и засега не е монетизиран. Сепак, наведено е дека се разгледува и опција со претплата, по моделот на поделба на приходите со авторите на вестите.

На сајтот на „Artifact“ почнале да се примаат пријави за пристап на мрежата, но моментално тоа можат да го направат само корисници од САД.




Спонзорирани линкови

Маркетинг