Се чини дека Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски се официјално во врска. Комичарот и манекенката во неделата го следеле кошаркарскиот натпревар на Њујорк Никс во Медисон Сквер Гарден, а судејќи по фотографиите, тие уживале во дружењето.
Иако во првиот ред до нив седеле и актерот Бен Стилер и неговата сопруга Кристин Тејлор, како и пејачката Џордин Спаркс, Пит и Емили се гледале само еден со друг. Двајцата се смееле и постојано разговарале за време на натпреварот.
Очевидци раскажале дека парот во еден момент бил прикажан и на големиот видео екран на стадионот, а нивната фотографија се појави и на официјалната Инстаграм страна на Њујорк Никс.
За потсетување, Дејвидсон ова лето ја раскина 10-месечната врска со реалити ѕвездата Ким Кардашијан, а Емили во септември поднесе барање за развод од сопругот Себастијан Бер поради гласините за неговото неверство. Ратајковски и продуцентот беа во брак речиси 4 години и го имаат едногодишниот син Силвестер.
За врската помеѓу Пит и Емили почна да се пишува кон почетокот на ноември, а извор за „US Weekly“ потврди дека се во контакт веќе неколку месеци и многу си се допаѓаат еден на друг, иако се уште се во многу рана фаза.
Иако се познаваат веќе со години, наводно брзо се зближиле откако комичарот ѝ испратил порака на Емили да се сретнат и да поразговараат, пишува „E! News“. Оттогаш излегле на неколку состаноци, а се дружеле и на неговиот роденден на 16-ти ноември.