(Видео) По вчерашната конфронтација со новинарот Салиу, се огласи д-р Софијанова: „Мојата плата никогаш не била 300.000 денари, дечињата се мој приоритет“

Точка

14/10/2022

10:20

9.310

Големина на фонт

а а а

По вчерашната конфронтација која се случи на Детската клиника во рамките на Клиничкиот центар мајка Тереза, откако новинарот Фуркан Салиу побара информации од директорката Аспазија Софијанова во врска со фиктивна наплата на нејзини дежурства, денеска се огласи и директорката.

Имено, вчера новинарот Фуркан Салиу побара одговори од директорката Аспазија, за тоа што таа земала пари за дежурства, а притоа не се појавувала на работно место.

Откако Софијанова беше соочена со факти и со интерни документи од Клиниката, таа му се закани на новинарот.

Според информациите кои ги изнесе новинарот, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата, но кавгата со докторката се случила откако ѝ било посочено дека зема пари, а не оди на дежурства.

Разговорот погледнете го во видеото:

A po keqpërdoret “kujdestaria” si mjet nga drejtorët për paga të majme mujore?

A po keqpërdoret “kujdestaria” si mjet nga drejtorët për paga të majme mujore?


Nesër në lajmet qendrore në #KlanMacedonia


***


Дали дежурството се злоупотребува од директорите за да се достигне до огромни месечни примања? 


Утре во централните вести на #КланМакедонија

Posted by Klan Macedonia Television on Thursday, October 13, 2022

Денеска, д-р Аспазија Софијанова реагираше на видеото кое вчера се споделуваше на социјалните мрежи, а во кое е прикажана комуникацијата меѓу неа и новинарот Фуркан Салиу.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот статус кој д-р Софијанова го напиша на социјалната мрежа Фејсбук:

„Почитувани пријатели и сите останати,

Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност.

Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, сè уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.

Почитувани пријатели и сите останати,


Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и...

Posted by Culi Sofijanova on Thursday, October 13, 2022

Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утврден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш.

Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти.

Останувам транспарентна и достапна за сите информации.

Искрено ваша“.