Изгледал филм со Том Круз во кино, па барал да му ги вратат парите: Една работа разбеснила фан на актерот

Точка

04/10/2022

13:25

5.365

Големина на фонт

а а а

Одењето во кино во повеќето случаи е пријатно искуство, но понекогаш се случува некои филмови да нѐ разочараат.

И додека повеќето продолжуваат со животот без многу размислување, некои бараат отштета за изгубеното време.

Така, еден обожавател на Том Круз од Нов Зеланд бил толку разочаран од неговиот филм што решил да направи сѐ за да добие поврат на пари, пишува „Unilad“. Инцидентот се случил кратко по објавувањето на филмот „Jack Reacher“ во 2012 година.

Во овој акционен филм, ликот на Круз се занимава со истражување на случајот на поранешен снајперист на американската армија обвинет за убиство на пет лица. Иако филмот има прилично позитивна оценка на „Rotten Tomatoes“ (63%) и се покажа доволно добар за да го оправда продолжението во 2016 година, очигледно не им се допаднал на сите.

Еден обожавател на Круз решил да напише жалба до Агенцијата за стандарди за рекламирање, откако сцена објавена во трејлерот не се појавила на големото платно. Тој се пожалил дека сцената со експлозијата каде што целата карпа се урива е „дефинирачкиот дел од трејлерот“ која го натерала навистина да сака да го погледне филмот, заедно со фактот дека Том Круз глуми во него.


Кога филмот бил пуштен во кината, тој не ја содржел сцената со експлозијата, а обожавателот тврдел дека со тоа гледачот е доведен во заблуда.

Од „Paramount Pictures“ признале дека трејлерот бил објавен пред последната монтажа на филмот, што значи дека сцената со експлозијата била исфрлена од конечната верзија.

Иако од компанијата се бранеле со аргументот дека е вообичаена практика во филмската индустрија да се прават филмски трејлери и реклами пред финалната монтажа на филмот, тие сепак на разочараниот обожавател му понудиле враќање на парите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг