Француска ТВ емисија повикала луѓе кои се смеат на заразен начин – урнебесното видео е апсолутен хит

Точка

03/10/2022

10:01

11.730

Големина на фонт

а а а

Француската ТВ емисија „C’est mon choix“ поканила гости со необично смеење и ги повикала да седнат заедно на сцената, што завршило отприлика онака како што замислувате.

Шоуто на тема „Моето смеење не останува незабележано“ обединило луѓе кои имаат едно нешто заедничко, а тоа е заразно, а во некои случаи и бизарно смеење.

Видеото објавено на Твитер прикажува група луѓе кои седат на сцена во емисијата во живо, но прилично е тешко да се разбере што се случува. Освен што е емисијата на француски јазик, водителите ги прекинуваат необични звуци на смеење на кои е тешко да се остане сериозен.

Во текот на целото видео се слуша квичење, врескање, па дури и гровтање, а ни самите водители не можеле повеќе да издржат. Заразното смеење предизвикало верижна реакција во целото студио и повеќе никој не можел да се запре, а јасно е и зошто.

„Ми треба Големиот брат само со овие луѓе“

Урнебесното видео има над 5,6 милиони прегледи и бројни коментари од воодушевените корисници на Твитер.

„Сакам бокс сет со оваа програма“, „Ми треба Големиот брат само со овие луѓе. Направете го тоа, ве молам“, „Ова буквално звучи како позадински разговор во сцена од кантина во 'Star Wars'“, гласат дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг