(Фото/Видео) Скапоцен „McLaren P1“ автомобил не успеа да го преживее ураганот на Флорида – водата буквално го изнесе од гаража...

Точка

29/09/2022

17:43

18.779

Големина на фонт

а а а

Ураганот Ијан којшто ја зафати Флорида ја покажа својата разорувачка моќ, а Американците сè уште ги пресметуваат големите штети.

Светот на љубителите на автомобилите останал во шок од една сцена.

Флорида се подготвувала за ураганот Ијан, но толкави размери на штетата никој не очекувал.

Екстремната моќ на природата уште еднаш покажала колку може да биде опасна, а сцените кои ги приредила малку е да се каже дека се шокантни.

На интернет кружи видео од скапоцен „McLaren P1“ автомобил којшто буквално плови.

За култниот модел на автомобил може да се каже дека водата го изнела од неговата гаража.

Интензитетот на овој ураган е класифициран како невреме од 4-та категорија, а во овој момент неговиот интензитет се намалил и се очекува смирување на тамошната ситуација.

Што треба да направите доколку се заглавите во вашиот автомобил во тек на поплава:

- Останете смирени.

- Вклучете ги светлата од автомобилот за да станете „повидливи“.

- Извадете го безбедносниот појас и отклучете ги вратите.

- Соблечете ја потешката облека, како на пример јакната.

- Полека отворете го прозорецот од автомобилот. Ако не може да го отворите, искористете ја вратата, но не обидувајте се да ја отворите со сила. Треба да ја отворите малку и да дозволите автомобилот да се наполни со вода за да се изедначи притисокот, за потоа да може да ја отворите вратата.

- Пливајте до безбедно место и јавете се во служба за итни случаи.



Инаку, „McLaren P1“ е суперспортски автомобил со над 900 коњски сили, има ограничена брзина од 350 км/ч. Автомобилот користи 3.8-литарски V8 мотор со максимална сила од 737 коњски сили и дополнителни 179 коњски сили низ KERS систем за обнова на кинетичката енергија која веќе се користи во Ф1 трките.