Објавена нова снимка од финската премиерка на забава, танцува со мистериозен маж

Точка

19/08/2022

15:26

5.526

Големина на фонт

а а а

На интернет кружи уште едно видео од финската премиерка Сана Марин како се забавува со своите пријатели. На најновата снимка, која е снимена во клуб, Сана танцува со мистериозен маж.

„Денеска во Финска се појави ново видео од „парти скандалот“ на премиерката Сана Марин. Марин, која е во брак и која е во таа љубовна врска 18 години, е видена во многу интересни ситуации“, пишува во описот на снимката.

На снимката Сана танцува со маж на песната „I Gotta Feeling“ од „Black Eyed Pease“, а твитерџиите коментираат дека тој маж во еден момент го бакнува вратот на финската премиерка.

Исто така, твитерџиите претпоставуваат дека на снимката е финскиот пејач Олави Уусивирта, со кој Сана и претходно позирала, но таа информација не е потврдена.

Потсетуваме, премиерката се нашла во центар на скандал откако се појавиле снимки на кои се гледа како танцува на една забава.

Снимките предизвикале бројни критики и повици за оставка, а финската опозиција и некои членови на парламентот побарале од неа да се тестира за дрога.

„Немам што да кријам. Никогаш не сум користела дрога“, одговорила премиерката додавајќи дека не е јасно зошто ја повикуваат да направи тест за дрога бидејќи не видела никакви докази дека нешто се користело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг