Манасиевски: Лицемерно е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани

Макфакс

09/05/2025

14:19

260

Големина на фонт

а а а

Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче 7 години беа власт во Македонија. 7 години ја уништија државата до степен на непрепознатливост. СДС и Филипче се причина за разурнатиот систем. Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани е исмевање на народот во очи. Што е следно? СДС и Филипче поднесуваат закон за враќање на името? Закон за Модуларната? Или закон за Онкологија? Дали можеби Филипче е на ум да поднесе закон за потекло на имотот на Зоран Заев? Или закон за поништување на законските измени на Кривичниот закон, со кои се спасија од прогон“, праша тој.

Според Манасиевски, трагично и апсурдно е колку СДС и Филипче мислат дека народот не ги гледа нивните намери.

„Но исто така приодот во СДС и тој на Филипче покажува дека таму ништо се нема сменето. Тоа е истата онаа партија која смени име, беше причина за Беса транс, Ласкарци, Модуларната, Онкологија и десетици други трагедии, и не чувствуваа никаква одговорност за истите“, рече Манасиевски.