Во Ватикан беше пуштен бел чад, а тоа значи дека е избран новиот папа. Вечерва ќе биде познато неговото име.
Бел чад се издигаше од оџакот на Систинската капела, што значи дека кардиналите конечно успеаја да постигнат договор, односно да изберат нов папа кој ќе предводи 1,4 милијарди католици, со двотретинско мнозинство.
Откако беа пребројани гласовите и стана јасно дека новиот папа е избран, гласачките ливчиња беа изгорени и беше додадена посебна хемикалија за да се произведе бел чад, додека камбаните на базиликата „Свети Петар“ заѕвонија за да ги известат верниците.