[ВИДЕО] Во Кочани си дојдоа деца кои цел живот ќе немаат раце, толку брзо ли нè заборавивте? – прозборе мажот кој се врза за бандера во Скопје

Точка

09/05/2025

14:37

3.855

Големина на фонт

а а а

Денеска напладне, непознат маж, со самолеплива лента се залепи за бандера во близина на фонтаната, привлекувајќи големо внимание од минувачите.

На обидите на минувачите и медиумите да добијат одговор зошто го прави ова, мажот кратко изјавил дека „нема да каже ништо сè додека не дојдат сите новинари“.




Сѐ уште не е познато кој е човекот и што сака да порача со овој чин. Настанот предизвика љубопитност кај минувачите, но и коментари на социјалните мрежи.

ВО ЖИВО

Posted @withregram • @slobodenpecat ⚡️ 9 мај 2025, #Скопје #🇲🇰 • Во моментов на плоштад, човекот уште виси и чека уште новинари да дојдат за да каже зошто го прави ова

Posted by Sloboden Pecat on Friday 9 May 2025

„Супорт Кочани“ денеска направи акција на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со цел да допре до оние кои раководат со државата, бидејќи, како што велат тие, донациите се намалуваат, а семејствата на оние кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ имаат потреба од пари за да продолжи лекувањето на децата.

Момчето беше залепено со селотејп за бандера и чекаше да дојдат новинари, за да каже што прави таму.


„Се обраќам до луѓето кои ја водат со оваа држава. Уште што треба да ни се случи во Кочани за да се освестат дека тој град постои. Толку ли брзо не заборавивте. Пред некој ден од странство се вратија деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце. Ако ништо друго барем нив да им помогнеме“, порача момчето.

Тој кажа дека пет другари му загинале во пожарот во „Пулс“.

„Ако ништо не се преземе, работата ќе оди на полошо. Мора нешто да се преземе, за тој народ да може да живее. Мене ми загинаа пет другари. Ме прашуваа: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас секако сум духовно врзан. Немам ни јас што да правам, кај да живеам? Морам да живеам во тој град, морам да направам нешто за тој град“, додаде тој.

„Суппорт Кочани“ е интернет кампања која обединува повеќе организации, физички и правни лица кои имаат извршено донација на трансакциските сметки на повредените и роднини на загинатите од несреќата во Дискотеката „Пулс“ во Кочани која се случи на 16 март годинава или на било каков друг начин со свој личен придонес помагаат во реализација на давање помош.

ФОТО/ВИДЕО: Слободен Печат