Дали таа воопшто старее: Погледнете ги фотографиите поради кои фановите ја нарекуваат Џенифер Анистон најубава на светот

Точка

15/08/2022

23:38

7.108

Големина на фонт

а а а

Џенифер Анистон добила низа комплименти откако нејзиниот фризер објавил неколку фотографии на кои позира во градник.

Американската актерка и ѕвезда на популарната серија "Пријатели", Џенифер Анистон е наречена најубава жена на светот откако на Инстаграм се појавиле неколку црно-бели фотографии на кои позира во градник.

53-годишната Џенифер спонтано позирала додека нејзиниот личен фризер Крис МекМилан и ја уредувал косата, а кој фотографиите ги објавил на својот профил. Изгледа дека ѕвездата уживала на фризерското столче дека воодушевено ги покажувала своите прамени.

Освен градник, актерката носи и панталони кои ја нагласуваат нејзината тенка половина.

„Заљубен сум во овие фотографии“, „Најубава жена на целиот свет“, „Апсолутно е совршена“, „Џенифер е неодолива“, пишуваат нејзините фанови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг