Метеорологот ги прикажал страшните последици од тропските бранови, а истите се катастрофални.
Топлотните бранови и сушата не се опасни само поради очигледните причини туку можат да создадат и дополнителни проблеми и кога врне дожд.
Д-р Роб Томпсон од Универзитетот во Ридинг на Твитер објавил експеримент во кој сликовито прикажува зошто сушите можат да имаат долгорочни штетни последици.
Во експериментот поставил чаша со вода наопаку на три различни видови тло: мокро, нормално, летно тло и тло по топлотен бран.
Резултатите ги изненадиле луѓето поради тоа што логиката некако ја нашле таму каде што најсушното тло треба да биде „најжедно“.
Но, експериментот го покажал целосно спротивното – мокрото тло ја впило водата исклучително брзо, нормалното, летно тло малку побавно, а сушното тло одбивало да ја впие водата.
In this experiment Dr Rob Thompson of @UniRdg_Met shows just how long it takes water to soak into parched ground, illustrating why heavy rainfall after a #drought can be dangerous and might lead to flashfloods. @R0b1et @UniRdg_water pic.twitter.com/zbb3xLTXdK
— Uni of Reading (@UniofReading) August 10, 2022
„Сувото тло е многу компактно поради недостатокот на вода, а честичките на тлото дури стануваат и хидрофобни и одбиваат вода. Напнатата површина на водата во комбинација со такви услови значи дека водата не може да го пробие тлото“, објаснува експертот.
Таквите услови се погодни за настанување поплави, и тоа не е сè...
„Топлиот зрак задржува повеќе вода, па врнежите се уште пообилни“, појаснува д-р Томпсон.
Таквите обилни дождови во комбинација со непробојно тло се рецепт за катастрофа, а експериментот којшто сликовито го објаснува овој феномен ја изненади дел од јавноста.