Ирачка актерка го тужи "Economist" бидејќи користел нејзина фотографија во текст за дебелина

Точка

11/08/2022

21:16

9.409

Големина на фонт

а а а

Ирачката актерка Енас Талеб го тужи весникот "Economist" бидејќи користел фотографии од неа за да илустрира статија за тоа дека арапските жени се "подебели од мажите". Исто така тврди дека фотографијата е "фотошопирана".

Добро познатата актерка и водителка рекла дека веќе поднела тужба против британскиот весник, од кој не сакале да дадат коментар.

Статијата "Зошто жените се подебели од мажите во арапскиот свет", објавена кон крајот на јули, користела фотографија од Талеб од пред девет месеци на Меѓународниот фестивал "Вавилон" во Ирак.


Во неа се наведува дека сиромаштијата и социјалните рестрикции кои ги држат жените дома се меѓу причините зошто арапските жени се подебели од мажите.

Дополнителна причина, се наведува во текстот, може да биде и културолошка, односно мажите во арапскиот свет да ги гледаат "облините како попривлечни".


„Ирачаните често ја споменуваат Енас Талеб, актерка со облини, како идеал за убавина“, пишува во статијата.

Актерката го окарактеризирала текстот како "навреда за Арапките и посебно за Ирачанките" и го прашала уредништвото на весникот зошто се интересира за дебелината на жените во арапскиот свет, а не во Европа или во САД.


За списанието "New Lines" рекла дека е здрава и среќна со својот изглед.

„Тоа ми е најважно“, навела актерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг