Една компанија тврди дека има "магична облога": За две години авто-пералните нема да бидат потребни?

Точка

10/08/2022

20:28

27.532

Големина на фонт

а а а

Проѕирниот нано филм може да го прекрие целиот автомобил како втора кожа.

Нано облозите не се новост. Веќе ги има на пазарот и во рекламните материјали ветуваат ефикасно одбивање на нечистотијата. Меѓутоа, новата нова облога оди чекор понапред и им се заканува на авто-пералните.

Американската компанија "Actnano" планира да обезбеди трајно чисти каросерии, да ги исчисти прозорците на автомобилите од кондензација и да ги заштити навлаките и електрониката од нечистотија со новата формула за нано облога, наведува "Revija HAK".


Проѕирниот нано филм може да прекрие цел автомобил како втора кожа.

Облогата одбива нечистотија, ги заштитува материјалите и има ефект на самочистење. За околу две години перењето на автомобили би можело да стане вишок со производот кој "Actnano" го нарекува "nanoGuard". Барем така тврдат пронаоѓачите.


Нано облогата би можела да ги заштити сензорите на радарските системи на автомобилите од наносот на нечистотија, снег и мраз, што е многу важно функционирањето на системите за активна безбедност.

"Actnano" своите облоги сака да ги понуди и во градежништвото како трајна заштита на фасадите и прозорците, па дури и во домаќинството за заштита на мебел, теписи... Компанијата исто така верува дека може да понуди водоотпорни мобилни телефони и УСБ меморија и слушалки отпорни на пот.


Облогата спречува кондензација и корозија, може да се нанесува директно на сложени компоненти без подготовка.

Предобро за да биде вистинито? Времето ќе покаже, а "BMW" и "Porsche" купиле учество во "Actnano".




Спонзорирани линкови

Маркетинг