Младоженец на венчавката пуштил снимка од невестата како има секс со сопругот на нејзината бремена сестра

Точка

10/08/2022

15:29

15.298

Големина на фонт

а а а

Една венчавка во Кина се претворила во драма откако младоженецот пред сите гости открил дека невестата го изневерува.

Имено, видеото кое стана хит на социјалните мрежи го прикажува парот како се качува на сцената додека гостите им аплаудираат. Во еден момент, на платното зад нив започнува да се прикажува видео кое траело 5 минути и на кое можело да се види како невестата има сексуален однос со сопругот на својата бремена сестра.

Потоа младоженецот ја турнал невестата од себе, а на снимката се слуша како ѝ вели: „Зарем навистина мислеше дека не знаев за ова?“, по што таа го фрлила бидермаерот кон него.

Видеото е направено во 2019 година, но сега повторно стана актуелно на ТикТок. За само неколку дена има 6 милиони прегледи и предизвика мноштво коментари.

Многумина го поддржале младоженецот и му порачале дека ова е „најдобрата одмазда“, но други сметаат дека ваквиот потег не бил потребен и се прашуваат зошто отишол толку далеку ако знаел дека невестата го изневерува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг