Брајтон излезе со објава дека нема договор за Кукуреља, а тој веќе ги минал медицинските прегледи со Челси

Дерби

05/08/2022

10:26

1.983

Големина на фонт

а а а

Челси е многу блиску до ангажман на уште едно засилување во пресрет на стартот на новата сезона од Премиер лигата.

Нов фудбалер на „сините“ од Лондон ќе биде Марк Кукуреља кој, како што пренесува Фабрицио Романо, во текот на вчерашниот ден ги минал медицинските преглди.

Новинарот ги пренесе и деталите од договорот, Челси ќе плати 55 милиони фунти фиксна сума плус седум милиони изразени во бонуси.

Во спротивен правец ќе се пресели младиот дефанзивец, Леви Колвил кој ќе потпише договор со Брајтон како позајмен фудбалер без право на откуп на договорот.

За целосно комплетирање на договорот сега се очекува смо Челси и Брајтон да стават потпис на договорот кој веќе претходно бил постигнат и играчот да биде промовиран како нов фудбалер во тимот на Томас Тухел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг