Со години се зборуваше дека можела да пронајде поубав сопруг, а неодамна дознала дека ја изневерувал: Прељубникот сега ја моли за прошка, но манекенката е одлучна

Точка

04/08/2022

18:06

6.874

Големина на фонт

а а а

Сè повеќе се зборува за тоа дека Емили Ратајковски и Себастијан Бер-Меклард се разделиле минатиот месец како и дека манекенката планира да се разведе бидејќи дознала дека сопругот ја изневерува.

„Себастијан ја моли да му пружи уште една шанса. Тоа нема да се случи бидејќи и самата истражувала и открила уште повеќе ср*ња кои тој ги направил зад нејзин грб“, изјавил за „Page Six“ извор близок до Емили.


Гласините дополнително ги поттикнаа фотографиите на кои Ратајковски не ја носи бурмата, додека Себастијан сè уште ја носи неговата. Нештата веќе отишле толку далеку што познатата бринета веќе поднела документи за развод, открил изворот.

„Она што го имаа беше навистина посебно. Сите нивни пријатели обожуваа да ги гледаат во списанијата и на насловните страници. Тоа беше прекрасно, но секако, и најубавите врски завршуваат на грд начин. Не знам што е вистина за однесувањето на Себастијан и не го бранам, но знам дека и двајцата се нервираат. Тоа е многу тажно“, раскажал пријател на поранешниот пар кој се венчаше во 2018 година по само 2 недели забавување.


Во март 2021 година го добија синот Силвестер, а Емили ја објави веста за бременоста преку специјално видео за „Vogue“ кое го режираше Лина Данам. Емили и Себастијан кои, според зборовите на нивните пријатели, важеле за моќен, креативен и поинаков пар во Њујорк, потекнуваат од семејства на уметници. И нејзините и неговите родители се занимаваат со уметност, а за него велат дека е еден од водечките луѓе во Големото јаболко кое е рај за креативци.


Меѓутоа, ниту нив не ги заобиколуваа негативните коментари како оној дека Емили може да пронајде многу поубав сопруг, а токму поради таквите реакции многумина останаа изненадени од веста дека тој ја изневерил неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг