Индиската полиција запрела тук-тук поради пребрзо возење, во возилото имало дури 27 лица

Точка

14/07/2022

13:58

28.502

Големина на фонт

а а а

Полицијата во индискиот град Фатехпур запрела тук-тук поради брзо возење, а полицајците биле потполно шокирани кога утврдиле дека во малото возило имало дури 27 лица.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како група луѓе, вклучувајќи и постари лица и деца, излегуваат од возилото додека полицијата ги пребројува.

Тук-тук е возило наменето за транспорт обично до 3 лица, но некои од овие возила се модифицирани така што можат да превезуваат и до 6 лица. Меѓутоа, случај сличен на овој од Фатехпур досега не е забележан.

Кога полицијата се обидела да го запре возлото, возачот забрзал со намера да побегне. Следела потера и принудно запирање, а потоа и шокантно откритие.

Тук-тукот возилото било запленето поради прекршување на правилата за ограничување на брзината и нелегален број патници.

Овие возила се многу популарни во Индија, но возењата се значително поскапи во однос на возењето со автобус. Сепак, возењето со тук-тук е поевтино од стандардното такси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг