Козметички салон од Загреб објави наградна игра која предизвика грозење: „Фотографирајте задници на жени на плажа и испраќајте нѝ ги“

Точка

28/06/2022

12:56

15.090

Големина на фонт

а а а

Еден козметички салон од Загреб наиде на низа негативни реакции откако ги повикал своите клиенти скришум да фотографираат задници на жени на плажа, за кои сметаат дека „треба да го посетат салонот и да ги искористат нивните третмани“.

Многумина го нарекоа потегот на салонот „невкусен“ и „сексистички“, а помеѓу првите кои јавно ја изразиле својата згрозеност од ситуацијата е инфлуенсерката и водителка Нина Слишковиќ Голеш.

„Не дозволувајте некој да ве убеди дека задникот е поважен од она што го носите во главата“, порачала таа.

Меѓутоа, од козметичкиот салон изреагирале и на изјавата на Нина и дополнително ја згрозиле јавноста:


„Ви благодариме што нè освестивте бидејќи ние мислевме, како што вие убаво и префинето велите, дека „задникот е многу побитен од главата“. Иако признавам, не би ви наштетил некој третман кај нас“, напишала сопственичката на салонот, на што Голеш возвратила: „Малку е тажно и по интервенциите од низа личности, таа сè уште да пропушта што е проблематично во оваа приказна“, порачала водителката, а многу жени ја поддржале.


„Кој воопшто помислил дека ова е добра идеја?“, „Сега ќе фотографираат некоја жена неколку месеци по породувањето за дополнително да ѝ набијат комплекси што „сè уште не се вратила во форма“. Ова не е нормално. И секако, никој не фотографира мажи со пивски стомаци. Не велам дека треба, и тоа би било болно, но секогаш се жените на тапет“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг