Рецепт за „лепеза“ пита со сирење: Лесно се подготвува, а вкусот ќе ве освои веднаш

Точка

27/06/2022

20:46

32.272

Големина на фонт

а а а

Иако поголем дел од луѓето ќе се согласат дека питата од домашни кори е најдобра, сепак нема секој толку многу време за да ја направи.

Поради тоа денеска ви пренесуваме рецепт за интересна и брза пита со сирење. Покрај тоа што е вкусна, истата се прави брзо.

Состојки:

- 500 грама готови кори за пита;
- 500 грама сирење;
- 1 чаша јогурт;
- Ќесичка прашок за печиво;
- 100 милилитри масло за јадење;
- 4 јајца;
- Сол.


Подготовка:

Подмачкајте го плехот во којшто ќе ја печете питата, па на дното ставете раширена кора. Потоа, земете ги останатите кори и распоредете ги во плехот, но ќе ги ставате во вид на лепеза.

Постапката повторете ја со сите кори, распоредувајќи ги една покрај друга.

Изматете ги јајцата, додадете го маслото за јадење, јогуртот, прашокот за печиво и сè добро измешајте, а потоа додадете го и сирењето, па добро помешајте.


Добиената смеса ставајте ја со лажица рамномерно меѓу корите. Откако ќе ја потрошите смесата, печете ја питата на 200 степени Целзиусови околу 30 минути.

Питата послужете ја топла.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг