Протест и тепачка пред домот на Бојко Борисов - причина се Македонија и францускиот предлог

Точка

23/06/2022

01:03

10.819

Големина на фонт

а а а

Претставници на ВМРО, предводени од Ангел Џамбаски, како што може да се види на приложените видеа, протестираа пред куќата на Бојко Борисов во Банкаја.

Причината за демонстрациите одлуката на партијата ГЕРБ да го поддржи францускиот предлог за укинување на ветото за Македонија.

Пред куќата на Борисов можеа да се видат плакати на кои пишува "Не изневерувајте ја Македонија". Се слушаат и извици: "И порано и сега, Македонија е бугарска".

#НеПредавайМакедония

Posted by Ангел Джамбазки on Wednesday, 22 June 2022

„Треба да се заштитат интересите на македонските граѓани со бугарска самосвест, да се воведат рокови за да се гарантира дека ако нешто не се случи, процесот нема да продолжи и може да се врати назад. Сите работи мора детално да се разработат“, кажа Џамбаски на собирот.

Пред домот на поранешниот премиер на Бугарија се појавија и активисти и пратеници од ГЕРБ, кои се расправале со претставници на ВМРО, а дошло и до тепачка.

Posted by Политическа Партия ГЕРБ on Wednesday, 22 June 2022

Во одговор до Џамбаски Георг Георгиев од ГЕРБ вели: „Тоа е всушност она што и го правиме, согласно договорот и рамковната позиција на бугарскиот парламент ќе се внесе протоколот за преговарачката рамка и заклучоците на Советот. Тоа ќе се случи благодарение на денешната изјава на господинот Борисов и ставот на ГЕРБ. Гарант ќе бидат целата ЕУ и сите земји-членки. Советот на ЕУ и Европската комисија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг