Во Јадранското море уловена една од најсмртоносните риби: Содржи отров 1.250 пати посилен од цијанидот

Точка

17/09/2026

18:17

486

Големина на фонт

а а а

Кај Риека е уловена една од најсмртоносните риби, која содржи отров дури 1.250 пати посилен од цијанидот.

Ја уловил рибарот од Риека, Дражен Пушкаш, а станува збор за инвазивниот вид „Lagocephalus sceleratus“, попознат како фугу, чие ткиво содржи тетродотоксин – отров дури 1.250 пати посилен од цијанидот.

Рибата, тешка околу 1,5 килограми, била уловена на вештачка мамка, а Пушкаш, по консултациите, му ја отстапил на Природонаучниот музеј во Риека, пишува „Нови лист“.


Фугу во Јадранското Море се појави релативно неодамна како миграциски вид. Неговиот отров предизвикува парализа на мускулите, престанок на дишењето и срцев застој, а најголема концентрација има во јајниците, кожата, мускулите и црниот дроб.


И покрај исклучителната опасност, оваа риба во Јапонија се смета за врвен деликатес, кој смеат да го подготвуваат само специјално обучени готвачи.


Покрај тоа, во Јапонија годишно околу 200 луѓе умираат од труење со оваа риба.