Европската Унија ќе ѝ исплати на Украина 3,3 милијарди евра за набавка на ракети и дронови, како дел од поддршката за одбраната на земјата.
Европската Унија утре ќе ѝ исплати на Украина 3,3 милијарди евра наменети за набавка на ракети и беспилотни летала. Ова го најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен ја објави информацијата на социјалната мрежа Икс.
„Штотуку разговарав со претседателот Зеленски. Утре ќе исплатиме 3,3 милијарди евра за ракети и дронови во Украина“, напиша таа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата објава на Телеграм не ја спомена новата исплата.
Разговорот со претседателката на Европската комисија го опиша како „многу продуктивен“ и додаде дека биле фокусирани на „клучните чекори за отпорноста на нашата одбрана“, вклучително и прашањата поврзани со финансирањето.








