Мерц: Ерата на безусловното пријателство со САД е завршена

Макфакс

17/09/2026

22:10

209

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека односите помеѓу Германија и САД доживеале значајни промени и дека времето на безусловно трансатлантско пријателство најверојатно завршува, повикувајќи ја Германија да преземе поголема одговорност за својата безбедност.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека односите меѓу Германија и САД претрпеле фундаментална промена и дека ерата на „безусловното трансатлантско пријателство“ веројатно е завршена на подолг период.

На предизборен настан на ЦДУ во Берлин, Мерц рече дека од другата страна на Атлантикот се гледа промена на политичкиот став и на односот кон трансатлантскиот сојуз.

Тој оцени дека Германија треба да ја искористи новонастанатата ситуација за да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, посочувајќи го зголемувањето на издвојувањата за одбраната.