(Фото) „Јас ставив незаслужени петки, јавно признавам“: Одличните ученици на приемниот испит во гимназијата „Орце Николов“ добија тројки

Точка

22/06/2022

16:52

7.389

Големина на фонт

а а а

Во скопската гимназијата „Орце Николов“ во првиот уписен рок за слободните 252 места, конкурирале речиси 300 ученици и сите овие основци имале идентичен совршено одличен успех и ист број на поени, поради што според Конкурсот на МОН во понеделникот морало да полагаат тестови по македонски јазик и по математика за целата материја од шесто до деветто одделение за да се запишат во ова средно училиште.

Резултатите кои излегоа доцна вечерта покажаа дека овие одлични ученици не покажаа толку добар успех и на приемните тестови.

Ниту еден од тестираните основци не успеал да го реши тестот за максималните 170 поени, најдобриот на тестирањето имал 152 бода или околу 90% успешност.


Вкупно 40 ученици, колку што биле прекубројни на пријавувањето, добиле незадоволителни резултати на тестот, односно иако во основно биле со сите петки, на тестот добиле недоволен 1. Тоа се деца кои имале под 45 бода или помалку од 26% од бодовите на тестот.

39 ученици покажале многу добар успех на тестот според процентот за одговорени прашања на тестот, најмногу од пријавени 133-ца ученици имале резултат за оценка 3 –добар. Доволен успех или двојка добиле 70 завршени деветоодделенци.

Една од причините за овие резултати е долгата пандемија и мерките со кои образованието особено кај постарите одделенија беше осакатено.

Ранг листата од квалификацискиот испит за упис на ученици во прва година во учебната 2022/2023, може да ја погледнете ТУКА.

Истите деца, 8-то одделение го завршија од дoма преку несигурниот и не докрај функционален систем за онлајн далечинско учење. Покрај тоа почнаа еден месец подоцна.

На оваа тема се произнесе и професорката по македонски јазик, Татјана Алексиќ во „Раде Јовчевски – Корчагин“.

„Јас ставив незаслужени петки, јавно признавам, но ковидот ме услови да ги разгалам децата. Заради болни амбиции се „штанцаат” комерцијални оценки, купопродажни образовни пакети и вештачки успеси, па затоа, каков систем – такво образование“, вели Алексиќ за „Мета“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг