Се бакнуваше со својата сестра на црвениот тепих, а потоа се повлече од јавноста: Еве како денес изгледа братот на Анџелина Џоли

Точка

20/06/2022

13:05

13.857

Големина на фонт

а а а

Сите добро ја паметиме сцената на доделувањето на Оскарите кога Анџелина Џоли се бакна со својот брат Џејмс Хејвен во уста.

Џејмс кој е 2 години постар од Анџелина, тогаш беше многу актуелен, додека во последните години е вистинска мистерија. Братот на славната актерка денес води мирен живот далеку од рефлекторите, а сакал или не, секако ќе остане запаметен по бакнежот со Анџелина на црвениот тепих во 2000 година.

Сепак, тоа не беше единствениот пат Џејмс да ја бакне својата сестра на јавен настан. Тие исто така се бакнаа во уста на доделувањето на Златните глобуси истата година.


Секако, бакнежот бил потполно „невин“, велеше Џејмс.

„Не беше француски бакнеж, тоа беше нешто едноставно и прекрасно. Се подготвуваше да оди во Мексико за да го заврши снимањето на „Original Sin“ со Антонио Бандерас. Ѝ честитав за Оскарот и брзо ја бакнав во уста, а тоа „пукна“ и стана огромна работа“, изјави Хејвен во 2007 година за „Daily Mail“.


Неодамна Џејмс Хејвен бил фотографиран во текот на купување намирници во Малибу, а иако носел очила и капа, папараците сепак го препознале и го фотографирале. Не му било мило кога ги видел папараците бидејќи очигледно сака да води мирен живот, далеку од камерите и сцената.


Инаку Хејвен е веќе 12 години во врска со Ешли Рејн, а додека Анџелина била во брак со Бред Пит, тој наводно ги чувал нивните деца.

Некои медиуми тврдеа дека славниот пар се развел токму поради него бидејќи Пит повеќе не сакал да го трпи неговото секојдневно присуство во нивните животи.


Џејмс и Анџелина одеднаш без посебна причина престанале да зборуваат и се оддалечиле, а извор близок до актерката изјавил дека само тие двајца знаат што навистина се случило.

Џејмс денес е свртен кон продукција и режија, токму како и неговата сестра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг