Светло на крајот од тунелот? Попушта кризата со недостигот на чипови

Точка

08/06/2022

17:02

32.397

Големина на фонт

а а а

Чиповите станале достапни поради забавувањето на светската економијата и инфлација, што ја намалило побарувачката со електроника.

Глобалниот недостиг на полуспроводници кои ја мачел автомобилската индустрија речиси две години, покажува знаци на попуштање, барем засега.


Откако со месеци минувале низ застои, "Mercedes-Benz", "Daimler Truck Holding" и "BMW" се меѓу произведувачите на автомобили кои сега добиваат доволно чипови за производство во полн капацитет.


Пресвртницата доаѓа порано од тоа што компаниите го предвидувале и означува светло на крајот од тунелот за автомобилската индустрија.


Чиповите станале подостапни поради забавувањето на светската економија и инфлацијата, што ја намалило побарувачката за електроника која ги користи истите компоненти, известува "Automotive News Europe".