Мајката на најубавото девојче на светот скршена од болка по нејзиното самоубиство: Исплива и нејзината проштална порака...

Точка

25/05/2022

16:54

13.898

Големина на фонт

а а а

Неодамна светот го потресе веста дека некогаш најубавото девојче на светот, Кајлија Поузи, трагично го завршила својот живот.

Кајлија Поузи беше најубавото девојче на светот и уште од мали нозе беше под рефлектори и учествуваше во ријалити шоуто „Toddlers and tiaras“.

Оваа тинејџерка неколку дена по 16-от роденден извршила самоубиство, а полицијата ја пронашла обесена во парк во Вашингтон. Не оставила никаква проштална порака.

Милиони ширум светот се запрашале зошто ваква одлука на несреќната девојка и дали е поради прераното влегување во светот на возрасните и сите притисоци со кои се соочила.

Нејзината мајка била најмногу погодена од оваа трагедија, а дополнително ја измачувало тоа што Кајлија не оставила никакво писмо. Сега, неколку недели по нејзината смрт, ѝ пристигнала проштална порака на нејзината мајка Марси Гатерман.

Имено, Кајлија порачала едно ќебе за нејзината мајка кое сега пристигнало, а Марси открила и што пишувало во пораката која ја добила со подарокот.

„Драга мамо, дури и сега кога не сум покрај тебе, сакам да знаеш дека те сакам и почитувам. Секогаш. Завиткај се во ова ќебе и сметај го тоа како голема прегратка. Те сакам“, напишала таа.

Несреќната мајка апелирала до сите родители да обрнат внимание на своите деца и да им ги контролираат мобилните телефони, за да не се случи некоја трагедија.

„Ако ве мачи нешто, не молчете. Кажете им на родителите. Никој нема да ве осудува, туку ќе ви ја даде помошта што ви е потребна. Но, мора да знаеме, за да би можеле да ви помогнеме. Не го кријте тоа во себе“, им порачала Марси на сите деца во светот.

За потсетување, Кајлија во светот на модата е од својата трета година и оттогаш носеше високи потпетици, одеше во солариум, се шминкаше, а нејзината мајка вели дека ништо не ја навестувало оваа трагедија и дека Кајлија изгледала среќно и задоволно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг