Ја напуштил венчавката за да му помогне на немоќниот: Сите зборуваат за неверојатниот гест на Црногорецот кој го трогна регионот

Точка

17/05/2022

15:49

11.929

Големина на фонт

а а а

Дека човечкото срце е големо и широко за сите живи суштества, говори и гестот на еден Црногорец со потекло од Беране.

Имено, на Инстаграм се појави видеоснимка од еден маж кој спасува куче од надојдена река. Како што пишува страницата на кое е објавено видеото, младиот маж ја напуштил венчавката за да го спаси кучето од надојдената река Лим. Кучето било во безизлезна ситуација, но тој го соблекол своето сако и ја испружил раката во обид да го дофати несреќното и исплашено животно.

Се обидел неколку пати да го дофати кучето, а потоа напомош дошол и негов пријател, па со заеднички сили тие го спасиле животното.

Двајцата го извлекле исплашеното куче и го ставиле на безбедно, а на видеото се гледа како мажот добива голема прегратка од женско лице, веројатно неговата сопруга или девојка.

Коментарите под видеото се бројни, а сите ја фалат човечноста и храброста на овој маж.

„Човек“, „Секоја чест“, „Драг човеку, ти благодарам што постоиш“, „Сè уште постојат луѓе“, „Секоја пофалба и за двајцата, вистинска хуманост на дело“, гласат дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг