Венчавки и забави на луксузна подморница: Богатите штотуку добија нова „играчка“...

Точка

17/05/2022

13:12

58.957

Големина на фонт

а а а

Неодамна беа претставени „U-Boat Worx“ и луксузните подморници од серијата „Nexus“ кои примаат девет патници и можат да пловат до 200 метри под вода.

Истата компанија сега го претставила новото чудо „UWEP“ (Under Water Entertainment Platform) дизајнирано за 120 гости.

Простор за забава

Подморницата долга 35, широка 7,7 и висока 7 метри се простира на 150 квадрати и е идеална за забави, венчавки, корпорациски состаноци или пак било кој вид на забава.


„UWEP“ ја придвижуваат осум мотори и батерии со моќност 1,2 мегавати. Тие даваат автономија до 18 часа, со максимална брзина од 4,6 км/ч. (под вода).

Во случај на опасност, резервното напојување го одржуваат најважните системи и тоа 96 часа, додека не стигне помош, пренесува „Gizmodo“.

Пространа палуба

Подморницата поседува 14 огромни акрилни прозорци (со пречник од 4,5 метри) така што гостите можат да го запознаат светот на 200 метри длабочина.

Холандската компанија истакнува дека „UWEP“ може да се користи и како пространа палуба за забава, кога не е под вода.


Луксузната компанија истакнува дека „UWEP“ може да се користи и како пространа палуба за забава, кога не е под вода.

Луксузната подморница веројатно е на радарот на имотните луѓе, но не е ретко и

познатите ресорти да купуваат вакви пловила за туристички екскурзии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг