Мајката на Илон Маск (74) во бикини ги руши сите предрасуди: „Бев навредувана, отфрлена, разочарана – сега сум најсреќна“

Точка

17/05/2022

11:00

13.992

Големина на фонт

а а а

Меј Маск, мајката на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, позирала во бикини, а изгледа прекрасно.

Меј Маск сака да ги сруши општествените норми за стареењето и она што е „дозволено“ во одредени години.

Таа има 74 години и е ѕвезда на насловната страница на магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ којшто има култен статус во САД.

Меј позирала во едноделно бикини, носела и обетки во облик на палма.

„Мојата прва реакција беше дека никогаш не сум можела да замислам такво нешто, зошто некој би имал 74-годишна жена на насловна страна, особено во бикини“, се пошегувала Меј Маск.

„Мислам дека ова ќе ги направи жените во седумдесеттите години да се чувствуваат попријатно кога пливаат, како и жените во 20-те и 30-те години. Кога жените одат на плажа, помалку се срамат во врска со своите тела, но мажите одат наоколу, изгледајќи ужасно и не им е гајле“, вели Меј.

Меј се занимавала со манекенство, а исто така таа е и нутриционистка. Таа претходно отворено зборувала за стареењето.

„Поминав низ различни фази од својот живот во кој сум била отфрлена, навредена, разочарана и тоа едноставно ви ја одзема самодовербата. Потоа едноставно мора да поминете низ тоа. Па, еве, имам 74 години и најсреќна сум, а не ми е ниту гајле за многу работи. Никој не ме навредува – не сакаш да навредуваш баба. Поентата е луѓето да бидат навистина добри кон мене во оваа фаза, но зошто им требаше толку долго“, се запрашала.

Маск изјавила дека научила да го менува своето опкружување и отстранување на негативното влијание од својот живот.

Таа неодамна се појавила на Мет Галата со својот славен син Илон Маск кој е најбогатиот човек на светот – моментално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг