Без Фотошоп и апликации за разубавување, омилената „чуварка на плажата“ го покажа вистинскиот изглед во шестата деценија.
Актерката Дона Дерико често објавува провокативни фотографии на Инстаграм поради кои многумина ѝ завидуваат на физичкиот изглед. Иако на гореспоменатата мрежа изгледа совршено, реалноста е малку поинаква.
Дона неодамна присуствувала на 25-от хуманитарен настан наречен „Mercy for Animals“ во Лос Анџелес, а за таа прилика понела тоалета во боја на шампањ.
Корсет-фустанот го красел длабоко деколте и тесен крој кој ги истакнувал облините на телото. Оваа 56-годишна актерка своето целокупно издание го надополнила со шминка во земјени тонови и брановидна фризура.
И целокупното појавување на Дерико на овој настан не би привлекло толкаво внимание доколку на социјалните мрежи не се појавеа нејзините фотографии – без филтери и апликации за разубавување.
Како што може да се забележи, таа изгледа поинаку во споредба со Инстаграм фотографиите – биле видливи нејзините минимални брчки, кои се потполно природни за една жена во нејзини години, додека истите не се гледаат на фотографиите на социјалните мрежи.