Кардиолозите откриваат начин на кој можете да го пресметате ризикот од кардиоваскуларни болести

Точка

01/05/2024

13:05

6.145

Големина на фонт

а а а

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, одземајќи околу 17,9 милиони животи секоја година, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Имајќи ги предвид овие факти, важно е да знаеме колкав е нашиот ризик. Можеби веќе знаеме некои од факторите кои можат да нè изложат на зголемен ризик: висок холестерол, висок крвен притисок, дијабетес и седентарен начин на живот.

Сепак, постои уште еден фактор на ризик за кој многумина не се свесни, а тоа е високиот сооднос помеѓу половината и колковите. Нашиот сооднос помеѓу половината и колковите е споредба на нашиот обем на половината и обемот на колковите. Високите соодноси покажуваат дека околу средината на телото има повеќе масти, што се покажало како фактор на ризик за срцеви заболувања.


„Знаеме дека висцералните масти, односно мастите околу струкот, се поврзани со зголемен кардиоваскуларен ризик, вклучително и мозочен и срцев удар, бидејќи се поврзани со зголемени фактори на ризик како што се висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол“, вели кардиоваскуларниот специјалист и кардиолог, д-р Лаура Верде, за „Parade“.

Високиот сооднос помеѓу половината и колковите е поврзан со кардиоваскуларни болести

Покрај тоа, кардиологот д-р Сем Сетарех тврди дека големиот обем на половината и високиот сооднос помеѓу половината и колковите се фактори на ризик за срцеви заболувања. Тој укажал на научното соопштение на Американското здружение за срце поврзано со врската помеѓу дебелината и кардиоваскуларните болести, која нагласува дека обемот на половината е фактор на ризик.


„Обемот на половината не е само показател за смртност, туку е поврзан и со кардиоваскуларен ризик поради висцералното масно ткиво, или висцералните масти, во абдоминалната празнина“, објаснува д-р Сетарех.

Така, за да дознаеме колкав е нашиот сооднос помеѓу половината и колковите, д-р Верде вели да користиме лента за да го измериме обемот на половината. Лентата за мерење прво ја завиткуваме околу половината, а потоа околу колковите. „Поделете го обемот на половината со обемот на колковите за да го добиете бројот на соодносот“, објаснува докторката. Таа заклучува дека идеалниот сооднос помеѓу половината и колковите за мажи е 0,94 или помалку, а за жени 0,85 или помалку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг