Овој можеби потценет регион во Италија се смета за поевтина алтернатива за Санторини.
Санторини е една од најпопуларните дестинации во Грција, но секако и една од најскапите.
Доколку сте во потрага по сличен „шарм“, со сцени како од разгледница, ви предлагаме да ја посетите Пуља.
Апулија или Пуља е опкружена со море од три страни, Јадранското Море на север, Отрантоскиот теснец на исток и Јонското Море на југ.
Сметена во сончевиот јужен, но и источен регион на Италија, таа е дом на еден од најголемите природни паркови во земјата, но е многу помалку позната од Сардинија, Сицилија или брегот Амалфи.
Главниот град на провинцијата Пуља е Бари, но две места кои припаѓаат на нејзиниот округ потсетуваат на Санторини. Тоа се Алберобело и Полињано а Маре.
Нестварниот Алберобело е познат по традиционалните камени куќи и се смета за еден од најубавите бели градови во Италија.
Начинот на градење на овие необични куќи датира од праисторијата и затоа е вброен во списокот на светското наследство на УНЕСКО.
Полињано а Маре, исто така, е гратче кое било населено уште од праисторијата, за што сведочат археолошките ископувања на локацијата Санта Барбара. Се верува дека тоа е местото на античкиот град Неаполис во Апулија.