Инстаграм воведува нова опција: Праќањето пораки на оваа социјална мрежа повеќе нема да биде исто

Точка

26/04/2022

20:07

31.666

Големина на фонт

а а а

Инстаграм DM (Direct Messages) опцијата сега добива можност на новите пораки да одговорите додека ја прелистувате содржината на сервисот.

Тоа значи дека корисникот нема да мора да го прекине процесот на прегледување на содржината, а апликацијата ќе овозможи брзо да се одговори од местото каде моментално се наоѓате.


Доколку сте наишле на нешто интересно што би сакале да го споделите со другите, тоа ќе може да го направите со подолго задржување на копчето „send“. Ќе ви се понуди листа со „најблиски пријатели“ на кои ќе може да им ја испратите пораката, а сето тоа без прекинување на прегледувањето на содржините.

Новитет на Инстаграм се и „тивките пораки“, така што на пријателите со кои контактирате нема да им се појави известување. Ова ќе биде од корист доколку пораките и содржините ги испраќате доцна вечерта или пак доколку не сакате да ги вознемирувате лицата на кои им ги испраќате.

Претходната функција веќе постои на Месинџер кој покрај Инстаграм исто така е во сопственост на „Мета“.

Инстаграм добива и нова тема за ло-фи разговори, како и испраќање анкети во групните разговори.


Инстаграм добива и интеграција со некои од најпопуларните сервиси за стриминг музика, како што се Спотифај, Епл Мјузик и Амазон Мјузик. Корисниците директно во разговор ќе можат да преслушаат 30 секунди од песната.

Се очекува наведените функции кои пристигнуваат на Инстаграм дополнително да ја подобрат комуникацијата меѓу корисниците на оваа популарна платформа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг