Тажна вест стигна од државниот Клинички центар во Скопје. Ракометарот на Бутел, Денис Тот починал по неколкучасовната борба за својот живот, за што неофицијално јавуваат неколку медиуми во држава од извори во Клинички.
Веста не е потврдена од Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување, каде што бил примен и му била укажувана потребната медицинска нега, но неофицијално хрватскиот ракометар не успеал да се избори.
Последните официјални информации оттаму ги пренесе „Фокус“, со изјава во која беше отфрлено дека Тот имал знаци на насилство на своето тело. Она што го истакнаа беше недостаток на срцева акција.
Тот бил пренесен на Карил вчераутро, според првичните неофицијални информации поради тешки повреди здобиени во тепачка во скопски клуб. Меѓутоа, во официјалниот извештај на МВР пишува дека не му биле утврдени знаци на насилство.
Борис Тот, брат на ракометарот Денис Тот кој почина во Македонија, се огласи со емотивна порака.
Прерано нè напушти, драг мој. Почивај во мир. Ништо повеќе нема да биде исто без тебе, напиша тој.
Prerano si nas napustio,dragi moj počivao u miru,ništa više neće biti isto bez tebe ???❤️❤️❤️
Posted by Boris Tot on Friday, April 8, 2022
Тот имаше 27 години и во Македонија играше веќе трета сезона. Оваа му беше прва во Бутел, а претходно две помина во Охрид. Потекнува од Ѓаково, а во кариерата имаше настапувано и за Адемар Леон, во шпанската лига.