На само чекор од вас е можноста да си ги исполните соништата. Со Samsung S22 и S22+ истражи ги бескрајните можности на твојата креативност.
Да се стане видеограф можеби е сон на многу љубители на филмот и зависници од камера и фотографија, но истражувајќи на темава сигурно сте налетале на искуства од видеографи за тоа како станале успешни. И покрај стандардните совети и креативни филозофии она што ви стоело на патот да го преземете следниот чекор веруваме дека е опремата. Скапи професионални фотоапарати, со мал милион додатоци, опции за кои треба да се проучи и напише небаре цел докторат. Но, ние имаме малечка тајна која досега никој не ја споделил со вас. Што велите за паметен телефон кој во својата елегантност и компактност крие неверојатно професионална камера и опции кои соодветствуваат на најдобрите професионални фотоапарати? Да, веќе го имаме вашето внимание. Океј, земете го S22 и S22+ во рака и да започнеме!
Која е работата на видеографот?
Типични работни сценарија се продукции од мал обем, како што се свадбени видеа, реклами, корпоративни промоции, информативни реклами и документарни филмови. Видеографот е одговорен за работата на камерата заедно со неколку други фази од снимањето. На пример, уредувањето на видеото, звук, осветлување и слично. Звучи интересно? Ако е така, видеограф е дефинитивно работа од сонишата за непоправливите креативци!

Што ви е потребно за да станете видеограф?
Вие погрижете се добро да се потковате со теоретски и креативен дел, ние ќе ви помогнеме за останатото. Galaxy S22 и S22+ се дизајнирани да обезбедат најнапредно искуство со камерата досега, така што корисниците можат да се поврзуваат и споделуваат содржина каде и да се. Со новите револуционерни карактеристики Nightography од серијата Galaxy S22:
23% поголем сензор од Galaxy S21 и S21 +, и Adaptive Pixel технологија - камерата пропушта повеќе светлина, одлично забележува детали и дава живи бои кои ќе овозможат вашата содржината да се истакнува, дури и во темница. Се прашувате како? Пикселите се собираат во групи кои стануваат еден поголем пиксел, пуштајќи повеќе светлина за да ја направат фотографијата посветла. Потоа започнува обработката со ниска бучава за да донесе поостри резултати. Големи пиксели = повеќе светлина = светли, јасни слики. На ова се надоврзува Super Clear Glass кој го намалува отсјајот на објективот — сè за ноќните фотографии и видеа да бидат јасни како ден. Најголемиот напредок во видео технологија на Galaxy S22 и S22+ e автоматската брзина на кадри која ја совпаѓа брзината на fps со опкружувањето, а Super Night Solution ја отстранува бучавата во секој кадар за висококвалитетни, живописни снимки без разлика дали си на сонце или под ѕвездите. Професионалната камера на Galaxy S22 и S22+ снима чисти, стабилни видеа кои остануваат глатки дури и додека си во движење. Како? OIS аголот на корекција е подобрен за 58 % и работи со побрзо снимање на движењата за да ги стабилизира снимките. Така, твоето секојдневие станува понезаборавно и разнобојно со Super HDR што го снима со 64x повеќе информации за боја, дури и кога фотографиите се со заднинско осветлување. Со само еден допир можеш да ги подобриш своите фотограферски вештини. Овозможи ги Detail Enhancer и Режимот со висока чувствителност пред да ја активираш блендата. Користи AI со длабоко учење, интелигентно подобрувајќи ги твоите фотографии со неверојатна длабочина и детали.

Со опцијата Single Take снимај дејство што трае до 20 секунди, а потоа Галерија ќе направи повеќе формати — како што се фотографии, бумеранг фотографии, hyperlapse видео и повеќе. Director’s View ти овозможува истовремено да снимаш на сите камери, симултано снимајќи ги активностите и својата реакција. Смени го аголот за нова гледна точка и зачувај ги оригиналите за да направиш верзија на режисерот.
Двата модели се направени со моќна главна камера од 50 MP, телефото камера од 10 MP и ултра широка камера од 12 MP за да можете секогаш да направите фотографии со највисок квалитет. Кога снимате видеа со пријателите, новата Auto Framing функција открива и следи до 10 луѓе одеднаш и автоматски го прилагодува фокусот на камерата за секој да може јасно да се гледа. Без разлика дали се движиш или луѓе ти влегуваат или излегуваат од кадарот, камерата ќе остане автоматски фокусирана и центрирана за да добиеш видео подготвено за вчитување. Напредната VDIS технологија на двата модели ги намалува вибрациите за да добиете мазни и остри снимки дури и кога сте во движење.
Galaxy S22 и S22 + се опремени и со најновата Samsung технологија, базирана на вештачка интелигенција која ги носи вашите фотографии на следното ниво. Лесно е да се направи совршена фотографија со Portrait mode режимот и новата AI Stereo Depth Map функција, за вашите фотографии да изгледаат подобро од било кога со видливо појасни и пофини детали благодарение на софистицираниот алгоритам за вештачка интелигенција.

It’s a wrap! Време е да ја разгорите вашата страст за видеографирање!
Без разлика дали ќе одлучите да се занимавате професионално со видеоографија или сакате истото да ви биде хоби, работата со филмови и видео е возбудлива кариера која нуди многу различни можности. Од кратки документарци до травел влогови и инстаграм reels, опсегот на креативно шаренило нема граници.
Повеќе информации за уредите можете да најдете на линкот: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22/.
Комерцијален текст















