Милијардерот од Обединетите Арапски Емирати, шеикот Камад бин Ханман, одамна е познат по љубовта кон автомобилите.
Денеска ви го претставуваме неговиот „Hummer H1“, најголем на светот. Овој автомобил е долг дури 14, широк 6 и висок неверојатни 5,8 метри. Возилото го носи името „X3“ затоа што три пати е поголем од класичниот теренец.
Богатството на шеикот се проценува на 20 милијарди долари, а ја надгледува работата на своите четири музеи автомобили во Обединетите Арапски Емирати каде се чуваат неверојатните примероци, пренесува „Carscoops“.
„Hummer H1 X3“ е целосно подвижен, поседува четири дизел агрегати, но комплициран е за маневрирање.
Од таа причина, по повод неговото кратко возење неодамна морала да асистира и сообраќајната полиција.
Најголемиот „Hummer“ на светот моментално е изложен во „Off-road“ музејот во градот Ал Мадам.