Уште еден европски гигант на работ на колапс

Точка

21/11/2024

10:39

2.172

Големина на фонт

а а а

Финансиските проблеми на матичната компанија на "KTM", "Pierer Mobility", повеќе не се тајна и иако е направено сè што е можно, сега се бара поддршка за финансиско закрепнување.

Од пандемската криза, групата "Pierer Mobility" минува низ темна фаза во својата историја, бидејќи оттогаш сите проблеми се влошуваат.

Последните две години беа големо искушение и покрај тоа што беа спроведени силни маневри како што е целосното купување на "MV Agusta", која се приклучи на матичната компанија каде што коегзистира со "KTM", "GasGas" и "Husqvarna".


И покрај се, еден од најважните производители на мотоцикли во светот не може да најде излез од кризата, а во последните неколку месеци отпуштени се 10% од работниците.

Во последните недели се зборува за зголемување на производството во Азија и до 25%. Така би се намалило производството во Европа, а со тоа би се намалиле и трошоците. Инаку, производството во Азија е за 30% поевтино отколку во Европа.


Во неодамнешната изјава, "Pierer" јасно стави до знаење дека му е потребна ликвидност за "KTM AG", па затоа ги повикува инвеститорите финансиски да го поддржат брендот во овој тежок момент.

"Pierer" и индискиот "Bajaj" имаат стратешки сојуз за споделување компоненти со години, а сега "Bajaj" би можел да преземе многу поголем удел во компанијата контролирана од "Pierer Mobility" како маневар за да го извлече својот сојузник од бездната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг