Извршниот директор на Jaguar изјави дека е разочаран од „гнасната омраза и нетрпеливост“ што се рашири по објавувањето на новата реклама на автомобилската компанија.
Брендот за луксузни автомобили објави видео од 30 секунди на „X“ во вторникот на кое се прикажани модели кои позираат во облека со светли бои, но не и возила.
Клипот предизвика бурни реакции на интернет и има околу 120.000 коментари, а извршниот директор на социјалната мрежа Илон Маск напиша: „Дали продавате автомобили?“.
Copy nothing. #Jaguar pic.twitter.com/BfVhc3l09B
— Jaguar (@Jaguar) November 19, 2024
Извршниот директор на „Jaguar“, Радон Гловер, изјави за „Financial Times“: „Ако ја играме истата игра како и сите други, едноставно ќе се удавиме. Затоа не треба да се појавиме како автомобилски бренд. Треба повторно да го воспоставиме нашиот бренд и тоа по сосема поинаква цена, па мораме да постапиме поинаку“.
Гловер додаде: „Не сакаме нужно да ги изгубиме сите наши клиенти. Но, треба да привлечеме нова база на клиенти“.
Тој негираше дека видеото требало да биде „woke“ и рече дека е разочаран од „гнасната омраза и нетрпеливост“ во коментарите за поединците во видеото.
Како одговор на коментарите на Маск на „X“, од Jaguar рекоа: „Да. Со задоволство ќе ви покажеме. Дали ќе ни се придружите во Мајами на 2 декември?“
Одговарајќи на друг корисник кој праша каде се автомобилите, компанијата рече: „Приказната се развива. Останете со нас“.