Концептот "Oli" од 2022 година веќе го инспирираше дизајнот на моделите "Citroen C3", "C3 Aircross", "C4" и "C4 X".
Концептот "Citroen Oli" од 2022 година најави нова дизајнерска насока за брендот, но се покажа дека тоа не бил само дизајнерски експеримент.
Следната генерација на "Citroen C4", која веќе е во развој, наводно ќе изгледа слично на овој необичен концепт, со некои мали приспособувања.
Актуелниот "Citroen C4" првпат беше претставен во јуни 2020 година, а во октомври 2024 година беше подложен на ре-стилизирање, вклучително и подолга верзија на каросеријата "C4 X".
Според францускиот медиум "L’Argus", концептот "Citroen Oli" е добар кандидат да еволуира во следниот "C4", благодарение на неговата „коцкаста“ SUV форма и разиграните елементи што го прават доволно уникатен за да се издвои од толпата.
Концептот веќе послужи како инспирација за дизајнот на "C3", "C3 Aircross", рестилизираните верзии на "C4" и "C4 X", како и на претстојниот сериски "C5 Aircross".
Сепак, се очекува дека новиот "C4" ќе биде многу поблиску до концептот во однос на димензиите и пропорциите, а дури 70% од дизајнот на концептот најверојатно ќе биде задржан во сериската верзија.
Новиот модел најверојатно ќе се базира на механичката платформа "Smart Car", која веќе ја формира основата за "Citroen C3" и "C3 Aircross", "Fiat Grande Panda" и "Opel Frontera".
Ова ќе му овозможи на "Citroen" да понуди избор помеѓу електрични и SUS погонски единици, по линијата на сегашниот модел со користење на "CMP/e-CMP" платформата.
Таквиот пристап би резултирал и со конкурентни цени, што потенцијално ќе го направи овој модел еден од најевтините во сегментот.
Според "L’Argus", концептот "Citroen Oli" првично бил наменет како основа за сериски модел кој би се произведувал во Словачка заедно со дериват на "Peugeot".
Плановите беа замрзнати во 2021 година, но проектот беше обновен во 2023 година за да се позиционира "Citroen" како бренд ориентиран кон буџетот.
Најновите информации сугерираат дека новиот "Citroen C4" би можел да пристигне во 2027 година, што изгледа многу далеку со оглед на тоа дека првите рестилизирани "C4" ќе пристигнат во салоните на почетокот на 2025 година.
Француските медиуми шпекулираат дека "Stellantis" би можел да ги намали трошоците со производство на "Citroen C4" во Мароко, заедно со оживеаниот "Fiat Multipla".
Фабриката во Мароко моментално ги произведува моделите "Citroen Ami", "Opel Rocks Electric" и "Fiat Topolino", со капацитет од 200.000 единици годишно.
Сепак, благодарение на неодамнешните инвестиции, капацитетот е зголемен за фабриката да може да произведува возила базирани на платформата "Smart Car", што на крајот ќе го зголеми производниот капацитет на 450.000 единици годишно.