Ги зајакнува артериите, ја нормализира работата на срцето и дигестивниот тракт: Лековитиот чај од глог се подготвува на посебен начин

Точка

04/02/2022

17:04

14.295

Големина на фонт

а а а

Веќе од утре можете да го започнете денот со здрав напиток кој ќе има повеќекратни придобивки за вашето здравје.

Мешавината од листови од глог и врба поволно делува на срцето, но помага и во случаи на вртоглавица и тинитус.

Чајот од глог традиционално се користи за лекување и спречување на кардиоваскуларни нарушувања.

Глогот содржи активни состојки: флавоноиди, рутин, кверцетин, витексин или соединенија кои го подобруваат протокот на крв.

Позитивно влијае на анксиозноста, нервозата и напнатоста, а чајот од глог може да го пиете двапати на ден. За да се забележи подобрување на општата здравствена состојба на организмот, потребно е чајот да се консумира неколку месеци.

Денес, глог може да се најде во сите подобро снабдени продавници за здрава храна во вид на чај, тинктури или додатоци во исхраната.


Чајот од глог може да се користи како лек за многу здравствени состојби:

- зајакнување на артериите,

- зајакнување на срцето

- правилна работа на срцето

- смирувачки третман на срцеви нарушувања како што се аритмија, подобрување на варењето и ублажување на надуеност, олеснување на спиењето

- лекување на ангина пекторис


Подготовка на чај од глог:

Во зовриена вода ставете 2 лажички суви листови од глог и една лажица листови од врба, па покријте и оставете да отстои 15 минути.

Потоа процедете и пијте максимум 3 шолји дневно. Вкусот е комбинација од горчливо и кисело. По желба можете да го зачините со малку мед или цимет.