Атиџе полни 58 години: Турунџиева по повод роденденот организирала аукција на нејзин портрет

Точка

17/01/2022

18:54

9.234

Големина на фонт

а а а

Протагонистката од хит-документарецот „Медена земја“ денеска наполни 58 години.

Она што го прави нејзиниот роденден особено значаен е фактот што Атиџе и оваа година ќе го прослави со својата пријателка Сузана која организираше посебна аукција по тој повод.

„Стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58-от роденден на нашата Атиџе Муратова. Планирано е тоа да биде 24-часовно наддавање за уметничко дело, портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Саше Милевски во техника акрил на платно, со димензии 90х70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да ѝ ги подари на Атиџе“, напиша Сузана на „Фејсбук“.

Драги пријатели?,

Вечер точно на полноќ стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58 роденден на нашата...

Posted by Suzana Turundzieva on Sunday, January 16, 2022

Таа ги повика сите што ќе сакаат да наддаваат, да остават порака во коментарите.

„Добредојдени сте сите кои сакате да се вклучите во наддавањето кое ќе биде јавно, транспарентно, во коментари на овој пост. Почетна сума за наддавање е 10.000 денари. Секој кој ќе си дозволи коментар или порака со било каква навредлива содржина или говор на омраза ќе биде блокиран, отстранет од листа на пријатели и пријавен кај фб администратор“, додаде Сузана.

За потсетување, Сузана и Атиџе веќе подолго време се пријателки и често го поминуваат заедно. Лани Сузана на Атиџе ѝ организираше роденден во познат скопски ресторан, а потоа беа и на скијање на Шапка. Неодамна тие го промовираа првиот заеднички албум „Пола мене пола тебе“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг