Германски епидемиoлог контра сите: Омикрон е вистински божиќен подарок, крајот на пандемијата се гледа

Точка

01/12/2021

21:50

13.473

Големина на фонт

а а а

Докторите од Јужна Африка известија дека новиот сој на коронавирус – омикрон, предизвикува благи симптоми, како што се главоболка и умор, и дека засега не довел до ниту една хоспитализација или пак смртен исход.

Германскиот здравствен експерт, Карл Лаутербах, клинички епидемиолог и кандидат за иден германски министер за здравство, изјавил дека овие рани инфoрмации за омикрон би можеле да значат дека тој би можел да биде вистински „божиќен подарок“ кој можеби и ќе го забрза крајот на пандемијата.

Тој сугерирал дека големиот број мутации – дури 32 кои се забележани кај оваа варијанта на коронавирусот, би можеле да значат дека заразата ќе биде многу посмртоносна во состав со начинот на кој се развиваат поголемиот дел од другите респираторни вируси.


Со него се согласува и професор Пол Хантер, експерт за заразни болести од Универзитетот Ист Англија, кој смета дека теоријата на Латербах „може да се покаже како вистинита“, но истакнува и дека многу мутираната варијанта не е целосно непрепознатлива за имунолошкиот систем на оние кои го прележале вирусот или пак се вакцинирани, што исто така е позитивен знак.

Научниците веќе долго време предупредуваат дека е малку веројатно дека коронавирусот некогаш ќе биде искоренет, туку дека ќе премине во поблага верзија на вирус слична на настинката, пренесува „Daily Mail“.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека им се потребни најмалку две седмици за да се утврди какво влијание ќе има омикрон варијантата на Ковид-19, а толку е потребно и да се потврди дали овој мутиран сој е навистина многу позаразен од делта сојот, односно дали е отпорен на вакцините.

Инаку, новата варијанта првпат беше откриена минатата седмица, а поголем дел од случаите се концентрирани во Јужна Африка каде бројот на дневните инфекции во саботата се зголемил на 6.948, што е за 20 пати поголемо во однос на 306-те позитивни тестови регистрирани две седмици претходно.


Но, смртните случаи досега останале на исто ниво, а во саботата биле забележани само 20.

Докторите изјавиле дека симптомите меѓу пациентите се поблаги, вклучувајќи и екстремен умор, болки во мускулите и главоболка, болно грло и сува кашлица.

Меѓутоа, првите случаи на омикрон досега се пронајдени кај младите луѓе кои инаку имаат благи симптоми како настинка.

„Тоа што го гледаме во Јужна Африка е исклучително благо. Заразените добро закрепнуваат во домашни услови и оздравуваат во рок од два до три дена“, изјавила за „BBC“ д-р Анџелика Коетци, претседателка на Јужноафриканското здружение на доктори и прв човек кој го воочил новиот сој на коронавирусот.

Лаутербах и на својот Твитер профил објавил дека омикрон како помалку тешка верзија на вирус би бил вистински „ран божиќен подарок“, но и тој предупредил на фактот дека само шест отсто од жителите на Јужна Африка се постари од 65 години.


Во Германија пак, ситуацијата е спротивна. Професор Хантер вели дека извештаите за помалку тешките заболувања засега се под знак прашалник и не може да им се верува целосно.

„Доколу навистина предизвикува помалку тешка форма на болеста, тоа веројатно е последица на претходниот имунитет или од инфекција или од вакцинирање“, истакнал тој.

Д-р Ентони Фаучи, главниот медицински советник во САД, изјавил дека „ќе поминат уште околу две седмици“ додека експертите не добијат прецизни инфoрмации за преносливоста и сериозноста на болеста.

Што вели СЗО за омикрон сојот на Ковид-19: Прва прогноза на СЗО за омикрон сојот: Невиден број мутации, сериозни последици – дадено и упатство до државите