ЕУ ја продолжи мисијата за обука на украинските војници до ноември 2028 година

Точка

09/11/2026

22:44

273

Големина на фонт

а а а

Советот на ЕУ одобри речиси 300 милиони евра за продолжувањето на мисијата и најави присуство во Украина за полесна координација со тамошните воени власти.

Советот на Европската Унија на 9 ноември го продолжи мандатот на мисијата за воена помош на Украина за уште две години, до 15 ноември 2028 година. За тој период се предвидени речиси 300 милиони евра.

Со одлуката се предвидува и присуство на мисијата во Украина за подобра координација со украинските воени власти и со партнерските земји. Обуката се спроведува на територијата на земјите членки на ЕУ и опфаќа индивидуални, групни и специјализирани програми.

Обука на украински војници во Полска во рамките на мисијата на ЕУ, архивска фотографија од април 2026 година

Обука на украински војници во Полска во рамките на мисијата на ЕУ, архивска фотографија од април 2026 година · Фото: ЕУМАМ Украина / ЕЕАС

Мисијата е основана во октомври 2022 година на барање на Украина. Според Советот на ЕУ, досега низ нејзините програми поминале повеќе од 100.000 украински војници. Мисијата се финансира преку Европскиот мировен механизам.

Извор: официјалното соопштение.