Прва прогноза на СЗО за омикрон сојот: Невиден број мутации, сериозни последици – дадено и упатство до државите

Точка

29/11/2021

09:50

6.178

Големина на фонт

а а а

СЗО конечно се огласи, со конкретно упатство и прогноза за ширењето на новооткриениот сој на коронавирус , наречен – омикрон.

За разлика од соопштението од кога е тој сој откриен во Јужна Африка, а потоа пристигна во Европа, во кое експертите на СЗО беа неодредени, сега дадоа конкретни детали, но и прогнози, а истите не се ветувачки.

Од СЗО утрово беше соопштено дека на државите веќе им е дадено упатство поврзано со новиот сој на коронавирусот, а се истакнува и дека постои голема веројатност од понатамошно ширење на сојот ширум светот.


Исто така СЗО предупреди дека во зависност од карактеристиките на оваа варијанта која штотуку се истражува, може да дојде до сериозни последици.

„Омикрон има невиден број на мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание на текот на пандемијата“, изјавиле од СЗО, а се додава и дека веројатноста од „потенцијално понатамошно ширење на мутацијата е високо на глобално ниво“.

Првата препорака до државите е организирање на приспособливи мерки за меѓународно патување.

„Имено, постои загриженост околу можноста омикрон да го избегне стекнатиот имунитет“, додава СЗО напоменувајќи дека тогаш е голема веројатноста од понатамошно ширење на омикрон на глобално ниво.

„Во зависност од тие карактеристики може да дојде до иден налет на бран на Ковид-19, што би можело да има сериозни последици. Проценуваме дека вкупниот глобален ризик е поврзан за новиот сој на Ковид-19 и е многу висок“, се додава во соопштението на СЗО.




Спонзорирани линкови

Маркетинг