Денеска делови од општините Гази Баба, Чаир и Петровец ќе бидат без електрична енергија поради планирани исклучувања најавени од ЕВН Македонија АД, со различни временски рокови на прекин на струјата.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците на дел од улиците Среќко Пужалка, Товарник и ТС Стрелиште Камник, општина Гази Баба;
– во периодот од 08.35 до 11.35 часот, корисниците на дел Архиепископ Доситеј и Павле Илиќ, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од УЛ.4 БР.1 и околните куќи во Р’жаничино, општина Петровец;
– во периодот од 11.55 до 15.00 часот, корисниците од улиците Методија Митевски и Петра Ичко, општина Чаир;
– во периодот од 12.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Модест Мусортски, Карл Хром, Карл Либнехт, општина Гази Баба.








