„Мета“ глобално ја проширува процената на возраста. Профилите што системот ќе ги препознае како тинејџерски добиваат построги поставки за приватност, пораки и содржина.
Инстаграм на мобилен телефон, илустративна фотографија. Фото: Zulfugar Karimov / Unsplash
„Мета“ ја проширува технологијата со која Инстаграм проценува дали корисникот е тинејџер. Мерката важи и за профили на кои е внесен датум на раѓање што покажува дека корисникот е полнолетен.

Логото на Инстаграм, илустративна фотографија. Фото: Zulfugar Karimov / Unsplash
Според соопштението на компанијата, на тие профили автоматски ќе се применат поставките за тинејџерски профили. Тие ограничуваат кој може да ги контактира, каква содржина им се прикажува и колку време минуваат во апликацијата.
Во САД, родителите овој месец ќе почнат да добиваат известувања со објаснување за постапката. Во Австралија, „Мета“ како дополнителен сигнал користи податок од „Епл“ за возрасната група на корисникот.








