Канаваро: Ми здодеа од лежење, но добро знам што чекам

Дерби

15/11/2021

14:59

2.963

Големина на фонт

а а а

Фабио Канаваро поради сентименталност и големата оддалеченост од родната земја стави крај на својата авантура во Кина, а бидејќи веќе неколку месеци е без никаков ангажман, италијанските медиуми го контактираа добитникот на „Златната топка“ од 2006-та година.

Легендарниот стопер цврсто верува дека ќе ја продолжи тренерската кариера и дека ќе добие шанса на стариот континент, па во исчекување на вистинска понуда од Европа, открива дека одбил неколку примамливи понуди од МЛС лигата.

За Канаваро во овој момент не претставува предизвик да се докажува како тренер во Америка, туку на поднебјето каде со години важеше за најдобар дефанзивец во Европа.

– Имав неколку понуди од Америка и од МЛС лигата, но морав да ги одбијам без размислување. Претпочитам да ја чекам својата вистинска шанса. Чекам понуда од Европа.

– Не ми се брза, не сум нетрпелив, но ќе бидам искрен. Ми здодеа да лежам и имам огромна желба да добијам понуда од Европа и со нетрпение чекам да се вратам на работа, – открива Канаваро за „Кориере дело Спорт“.